Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави дека неговата официјална фејсбук страница, преку којашто комуницира со граѓаните е цел на постојани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили.
Јакимовски посочува оти доказ дека зад таквите хакерски напади стојат луѓе од СДСМ е тоа што и акуелниот градоначалник на оптшината, Стефан Богоев, како и општински организации на СДСМ веднаш почнале да ги споделуваат хакираните објави од неговиот фејсбук профил
Фактот што Стефан Богоев го споделува постот со кинеско виетнамските лајкови и го препраќа по сите општински организации на СДСМ и СДММ говори дека биле подготвени за овој хакерски напад со цел да ја дискредираат моја Фејсбук кампања.
За жал нивната нечесна намера ја откривме уште во текот на емисијата и ако го следевте моето обраќање во живо ќе видевте дека ги известувам граѓаните за нападот на кинеско ветнамски ботови.
Очигледно коректна и фер изборна кампања им преставува голема потешкотија – реагира Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.