Раскопана улица полна со дупки, кои по дождот се наполенти со матна вода и кал, е секојдневието со кое се соочуваат жителите на улицата Миле Поп Јорданов во Козле.

Причина за нивната мака е што оваа улица, во непосредна близина на австрикста амбасада, повеќе од два месеца е ископана поради реконструкција, која никако да заврши. Ниту на терен се работи нешто, ниту има најави дали и кога ќе биде поставен нов асфалт.

Градоначалникот Богоев два месеци ни ја остави улицата раскопана. Не можеме со автомобил да поминеме, гуми ќе искинеме. Брука. Мост ќе градел, а сегде пустош направија. Џабе што на 50 метри од овде живее главниот на Советото во општина Карпош – реагира жител на улицата кој се обрати до редакцијата на „Република“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.