На „Фесјбук“ страната „Стари Скопјани“ се објавени фотографии од градските гробишта „Бутел“ на кои може да се види дека тие се преополни со ѓубре.
Револтираните граѓани реагираат на тоа дека АД Бутел воопшто не се грижи за расчистување на губрето, остатоците од паднатите листови и гранки и покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат за тие услуги и за одржување на гробиштата.
Драги мои Скопјани, сограѓани, еве каде и како почиваат нашите драги кои не напуштиле. Во ѓубре за кое плаќаме „дебело“ – стои во објавата.
Во коментарите подолу може да се прочитаат многу критики околу работата на АД „Бутел“ во оддржувањето на градските гробишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.