Оваа недела граѓаните револтирано пишуваат по социјалните мрежи и коментираат како автобусите на ЈСП секој ден се повеќе се расипуваат дури и во некои автобуси на овие високи температури нема клима.

Оваа недела два пати дури се расипа и 7-ца, луѓето првиот пат ги остави кај „Веро Џамбо“, а вториот пат т.е. денеска кај „Американ Колеџ“, и граѓаните се приморани да чекаат друг автобус кој ќе стаса за 15-20 минути или да пешачат на ова жешко време за да фатат друг автобус за да стигнат на време на работа или дома.

Додека жителите на Град Скопје се жалат по социјални мрежи, ЈСП не го слуша нивниот глас туку упорно велат дека автобусите се во одлична состојба и нема потреба за паника.

Ова не е мотивација, граѓаните да ги остават своите автомобили и да користат јавен превоз кога слушаат како ги нарекуваат автобусите на  ЈСП – „Сауна на четири тркала“.

Повеќето автобуси се стари возила што личат на подвижни сауни на четири тркала, бидејќи најчесто се неклиматизирани. Еден таков стар приватен автобус, изминатиот период одеднаш  го смени правецот и не можеше да застане па ќе удреше во дете. Заврши во тезгите во Шуто Оризари, а во инцидентот жртва беше дедото, кој почина откако си ја спаси внуката од прегазување. Истражните органи сѐ уште утврдуваат дали му откажале кочниците на возачот или можеби причината е сосема нешто друго.

Животи на стотици луѓе секојдневно се во опасност поради неисправни автобуси кои ги пушта ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.