Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје апелира до жителите на Скопје употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието.
Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на „Комунална хигиена” – Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или, пак, несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад. Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси – наведуваат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека тие го третираат отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.