Анкетата за промената на имињата на улиците во Скопје стигна на иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, кој смета дека улицата на која живее тој, неправедно била преименувана од „Мексичка“, во „Петре Пирузе“.
Од Град Скопје за Пресинг Тв потврдиле дека и старите топоними ќе добијат нови имиња.
„Притоа, тоа ќе бидат предлози кои би се земале во предвид, што не значи дека ваднаш би се смениле имињата на улиците“, вели портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици на Советот на Град Скопје која ќе ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на Законот за определување и истите ќе ги предложи до Советот, кој ќе ја утврдува листата по претходно добиени мислења од општините и согласност од Владата.
Своите предлози граѓаните до 18-ти август, ќе можат да ги испраќаат преку интернет или по пошта.
Интересно е тоа што граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња.
Но освен на официјалната страна на Град Скопје, граѓаните предлози даваат и на социјалните мрежи. Некои и се шегуваат, па предлагаат имиња поврзани со актуелните политички случувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.