Пожарникари со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“, откако граѓани пријавиле дека од фабричката хала се шири црн чад, објави Мета.
Од противпожарната бригада велат дека „тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“, а на местото дошла и втора екипа која контролира дали повторно ќе се појави оган.
Претходно граѓани од околината пријавиле за чадот, но им било кажано дека чадот е од тоа што непознати лица „топеле кабли на куп“ и дека нема потреба да се грижат за чадот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.