Граѓани на Карпош реагираат и прашуваат зошто за новиот објект на градинаката „Орце Николов“, кој се доградува, се прави посебен приод и покрај веќе постојните, па поради тоа во дворот на градинката се исечени повеќе дрвја, пишува „Слободен печат“.
Во градинката „Орце Николов“ во населбата Карпош 3 се доградува нов објект, во кој, според планот, ќе може да бидат сместени уште 100 деца, со што се зголемува капацитетот на градинката. Како што информираа од Општина Карпош, во новиот објект се предвидени четири нови занимални, кои ќе бидат опремени со современи дидактички материјали за децата кои ќе ја посетуваат градинката.
Но, она на што граѓаните реагираат е зошто за новиот објект кој се доградува се прави посебен приод и покрај веќе постојните, а поради тоа во дворот на градинката се исечени повеќе дрвја, со што се намалува неопходната зелена површина.
Градинката има пристапност од три улици – зошто го асфалтиравте зеленило и исековте дрвја во самиот двор? Зголемувањето на капацитетот за 100 дечиња бара и поголем простор со зеленило, а не да го им го одземате дворот што и онака беше претходно намален за сметка на приватната градинка. На децата им треба простор за игра во зеленило, а не црн жежок асфалт – реагира карпошанка под објавата на градоначалникот Стефан Богоев за доградбата на градинката.
Таа смета дека Општината можела да најде друго решение, односно да се искористи постојниот пристап од улицата Карпошово востание, кој е на само 30-40 метри понастрана од оној што сега се изведува.
За новиот пристап до градинката реагираат повеќемина граѓани, според кои нелогично е да се намалува зелената површина и да се сечат дрвја во услови кога ќе се зголеми бројот на децата во градинката со изградбата на дополнителниот објект.
Повеќе на „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.