Со фотографии на кои со жолт спреј се обележани дупките на асфалтот на патот што води кон Средно Водно, граѓани побараа санирање на испуканиот асфалт од Град Скопје.
Од Град Скопје објаснуваат дека патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот, туку на Јавното претпријатие за државни патишта и најавија дека ќе алармираат за состојбата до надлежната институција.
На ова добија одговор и преписката продолжува:
Почитувани, не е доволно да исперете раце дека не е ваш проблем. Кога можете преку Градски паркинг да наплатувате паркинг на Средно Водно и кога жителите на Горно Нерези се жители на Скопје не можете да се правите глуви и слепи за состојбата на патот.
Град Скопје:
Паркингот на Средно Водно е во надлежност на градот и средсвата од наплатата на тој паркинг се наменети за зазеленување на Водно. Тоа не го менува фактот дека патот е регионален и за него е одговорна друга институција што е токму за тоа, одржување на регионални патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.