Градоначалникот на Скопје, Петре шилегов, информира дека во градот се пребројани и забележани во регистар не повеќе од 2.500 кучиња скитници.

Оваа бројка, Шилегов ја соопшти истовремено со најавата дека во септември ќе проработи стационарот за улични кучиња „Лајка“.

Стационарот Лајка очекувам да биде отворен кон првата половина на септември. Двете оперативни сали за животни веќе се целосно опремени и тоа ќе биде предмет на анализа на Агенцијата за заштита на храна и ветерина. Кога ќе почне да работи, ќе почне во полн капацитет – изјави градоначалникот Шилегов.

Ваквата најава на Шилегов е ноговата последна во низата најави и лицитирање со термини кога ќе профумкционира долгонајавуваниот стационар.

Прашан за тоа колку е запознаен и задоволен со работата на директорката на јавното претпријатие „Лајка“, Шилегов рече дека капацитетот е при самиот крај и треба да се пушти, така што не може да зборува за реален квалитет или неквалитет во извршувањето на функцијата.

Секако работата на секој еден раководител, во било која градска институција е под опсервација и се санкционира. Веројатно сум и еден од ретките којшто разрешува луѓе или повикува на нивна одговорност – изјави Шилегов.

За тоа дали има субјективни слабости во односи во релација со здруженијата за заштита на животните, Шилегов вели дека ги следи реакциите и дека ќе поразговара на таа тема.

Она што го знам, ако тоа е предмет, е дека дел од намештајот којшто е во директорската канцеларија на ‘Лајка’ е приватен намештај на директорката, кој што го има донесено таму. Не е намештај за којшто се потрошени јавни пари – изјави Шилегов.

Во однос на реакциите од здруженијата за заштита на животни дека тие ги прават операциите, а стационарот иако не работи зема пари, Шилегов вели дека пред почетокот на пандемијата се издвоиле средства со цел да им се дадат на здруженија да ги вршат тие операции за коишто зборуваат.

Сите мора да бидеме вклучени инклузивно во тој процес за да го решиме проблемот со кучињата скитници – изјави Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.