Одделението за комунална инспекција при Секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела, согласно со своите законски овластувања, вршеше контрола на целата територија на град Скопје.

Инспекторите излегле на терен и извршиле девет контроли на физички лица и на правни субјекти по основ на поднесени електронски преставки на мејлот 24@skopje.gov.mk. Извршени се седум инспекциски надзори по претставки поднесени преку архива поднесени од физички лица и правни субјекти, четири со задолжување со решенија, а изречени се и 3 казни на физички и правни лица по Законот за јавна чистота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.