Десет велосипеди и исто толку електрични тротинети ќе набави Град Скопје за потребите на администрација при извршување на редовните работни обврски.
Со оваа набавка ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на лесни моторни возила, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина, стои во предлогот што се очекува да биде усвоен на денешната седница на градскиот Совет.
За оваа намена градот ќе одвои 450.000 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.