Скопскиот градоначалник Петре Шилегов потврди дека Град Скопје нема намера да се откаже од новогодишното украсување, иако некои општини до сега објавија дека нема да трошат пари за оваа намена во период на корона-криза.

Градот од вчера почна со новогодишно украсување, а планот е до 5 декември Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот да светнат со новогодишни украси и светилки. Според Шилегов, празничната атмосфера не треба да биде жртва на пандемијата.

„Оваа година на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година, да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата“, изјави градоначалникот за СДК.

Годинава градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.

Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.