Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.
На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите. Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, соопштија од Градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.