Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрли како невистини зборувањата дека на местото на спортско-рекреативниот центар Треска ќе се гради болница, поради што сопствениците на камп приколки се обврзани во рок од 60 дена да ги дислоцираат приколките.
Рокот за дислокација на камп приколките е до крај на февруари, сметам дека е разумен рок и има време сопствениците да одлучат што ќе прават со приколките. Ние имаме и јавно претпријатие, сопствениците на приколки можат и таму да се обратат. Шпекулации и невистини се кажувањата дека на локацијата ќе се гради болница или трговски центар. Рекреативниот центар ќе заживее повторно и граѓаните ќе имаат каде да се забавуваат – вели градоначалникот Беџети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.