Со оглед на тоа што од денеска почнува зимската сезона, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, одржа средба на општинскиот Кризен штаб за да се разгледаат потребните подготовки за делување.

Учество на средбата зедоа надлежните служби и претставници од сите урбани и месни заедници од општината.

Одржавме состанок на кризниот штаб во општина Ѓорче Петров, со присуство на претставници од сите месни и урбани заедници и надлежните служби, со цел навремена припрема за престојната зимска сезона – информира Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.