За роковници со тврда корица, вештачка кожа и ластик, ѕидни календари со логото на општината, но и со верски обележја, општината Ѓорче Петров ќе потроши 800.000 денари.
Оваа набавка во евра изнесува околу 13 илјади. Градоначалникот Александар Наумовски го распишал овој тендер, евидентиран како стоки за новогодишна репрезентација, објави Магазин.мк
Освен овие продукти, фирмата која ќе го добие овој тендер ќе треба да изработи и печатење на папки и пенкала.
Критериумот за избирање на фирма која ќе ги изработи овие „неопходни“ материјали ќе биде по принципот
најниска цена. Времето за изработка е два месеци, а пак аукцијата е два месеци.
Пред една недела, советник од ВМРО – ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров обвини дека градоначалникот Наумовски ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања при што посочи дека со оваа анти-реформската администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до 84 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.