Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ѓорче Петров, Данијел Апостолоски, обвини дека градоначалникот на општината, Александар Наумоски работел незаконито и дека во целиот мандат не изработил речиси ништо во корист на граѓаните.
Апсотолоски вели дека Наумовски го преспал мандатот и сега пред избори се обидува да покаже некаква активност.
Според него, Наумовски се фали со кружниот тек во Волково кој е дивоградба, но истиот Наумоски двапати го афлатирал за пет месеци.
Наумоски се фали дека е многу активен, а не знае дека граѓаните на Кучково, Орман, Никиштани немаат редовен автобуски превоз токму поради неговите избрзани идеи донесени под притисок од четиригодишното неработење. Наумоски е загрижен само за тоа дали ќе добие нова кандидатура од неговата партија за да може да продолжи со неработењето и зголемувањето на личното богатство – рече Апостолоски.
Тој додава дека граѓаните во октомври, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, во Ѓорче Петров ќе добијат посветен градоначалник кој ќе работи секој ден за нивните потреби, а нема да се присеќава на нив само кога се изборите.
Волково ќе биде во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и новата локална власт и ќе им одржиме лекција на Наумоски и неработниците од СДСМ како се работи за својата општина и својот народ – рече Апостолски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.