Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со преставници на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство – Кризен центар “Надеж”.
На средбата градоначалникот Стефковски ги информираше присутните дека општина Гази Баба ќе продолжи да дава силна поддршка на сите општествено – одговорни организации и здруженија на граѓани, при што тој истакна дека дава силна поддршка на кампањата 16 дена активизам, против насилството врз жените.
За средбата, градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша:
Денес, во просториите на општина Гази Баба имав средба со преставници на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство – Кризен центар “Надеж”.
На средбата разговаравме за престојното одбележување на 20 годишното постоење на здружението, кое има видливи резултати во својата работа.
Општина Гази Баба дава поддршка на сите општествено – одговорни организации и здруженија на граѓани.
Како градоначалник, силно ја поддржувам кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.