Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски утринава за „Фокус“ потврди дека е позитивен на коронавирус.

Георгиевски веќе еднаш се најде во центарот на вниманието на јавноста кога ургираше да се ослободат задржаните прекршувачи на полицискиот час во инцидентот во Сингелиќ.

Градоначалникот е уште еден во редицата кадри на СДСМ кои се позитивни од корона. Во болница се наоѓа потпретседателот Мухамер Зекири, а во домашна изолација е директорката на УЈП Сања Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.