Неодговорно е што во оваа криза градоначалникот на Гази Баба потрошил 245.000 евра за привремени вработувања, вели пратеникот Антониот Милошоски, додавајќи дека за справување со Корона-кризата ќе бидат потребни многу средства.

Овие средства на даночните обврзници покорисно е да се пренаменат за помош на здравството, за вработените во стопанството. Ова недомаќинско трошење на пари не треба да се покрива преку спуштање на минималец од 14.500 денари на целата администрација, потенцираше Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.