Градоначланикот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во соработка со припадници на Црвениот крст учествуваше во хуманитарна акција во која семејства од социјален ризик од општината добија пакети со храна и средства за хигиена.
Утрово заедно со Црвениот крст бевме во хуманитарна посета на семејства од социјален ризик на територија на општина Гази Баба на кои им доставивме хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.
Во следните денови, екипи на Црвениот крст ќе продолжат со доставување на пакетите – информира градоначалникот Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.