Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски утрово донираше крвна плазма на Институтот за трансфузиона медицина.

Како што истакна тој, многу е среќен што ќе даде шанса за лекување на заболените од корона вирус.

Многу сум среќен што на Институтот за трансфузиона медицина го исполнувам ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и ми дозволат лекарите, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување на заболените од корона вирусот. Како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен!

Од големо значење е сите кои сме се излекувале од оваа инфекција да даруваме крвна плазма. Дарувањето значи можност за многу наши сограѓани полесно да се изборат со Ковид-19. Крвната плазма на лицата кои се излекувани содржи антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а го намалува неговото дејство, односно ја намалува и прогресијата на корона вирусот, истакна Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.