Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, информира дека е позитивен на ковид-19.
По извршениот тест вчера дали постои можност да сум зарaзен со COVID-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Од оваа положба уште еднаш апелирам и молам за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова!, напиша Ганиу на својот профил на Фејсбук.
Претходно тој информираше дека оди во самоизолација бидејќи имал контакт со заболено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.