Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, најави дека има желба да се кандидира за втор мандат, но истакна дека за тоа ќе одлучуваат органите и лидерот на ДУИ.

И на почетокот пред да бидам избран, имам кажано дека моја цел е да бидам градоначалник два мандата ако ме послужи здравјето и ако народот ме избере. Волја имам да се кандидирам за втор мандат, но тоа не значи дека јас одлучувам. За тоа ќе одлучат органите и лидерот на партијата врз база на анализи и на сите информации што ќе ги апсорбираат – изјави Ганиу за време на промоција на 19 смарт табли во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

На новинарско прашање за постоењето групи и фракции во партијата, Ганиу вели дека секое несогласување што се појавува им овозможува како партија да се консолидираат и да се коригираат грешките.

Групи има не само кај нас, туку и во секоја партија. Изгледаат дека не се добри, но некогаш може да предизвикаат позитивен резултат, бидејжи секој револт што се појавува секако дека како партија ни овозможува да се консолидираме и за ги видиме грешките и да ги коригираме таму каде што ги имаме – изјави градоначалникот Ганиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.