Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски e позитивен на Ковид-19.
Тој на својот Фејсбук профил пишува дека по малите симптоми кои ги почувствувал, веднаш направил тестирање за корона вирус и тестот е позитивен.
Уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција – напиша Смилевски.
Претходно во текот на денот, опд општинската организација на СДСМ во Бутел објавија дека градоначалникот вчера имал средба со граѓаните на населбата Скопје Север.
Вчера градоначалникот и претседател на ОО СДСМ Бутел Велимир Смилевски заедно со пратеничката во Собранието на РСМ Славјанка Петровска имаа Маалска среба во населбата Скопје Север. СДСМ преку директни средби со граѓаните разговараат за нивните проблеми и за нивните решенија – пишува во објавата на СДСМ Бутел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.