Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја посетија детската градинка Кочо Рацин, каде се инсталирани 17 висококвалитетни прочистувачи на воздухот, информира Општината.
Прочистувачите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.
Во борбата за почист воздух, нашата Општина, Министерството за животна средина и просторно планирање, и Владата преземаат сериозни чекори да се обезбедат прочистувачи на воздухот за објектите каде што најмладите го поминуваат најголемиот дел од денот. На вчерашната 24-та седница на Советот на општината, прифативме донација согласно одлуката на Владата на РМ. Како донација на МЖСПП вкупно се донирани 17 прочистувачи за воздух и истите се распоредени во три објекта и тоа во ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ – 9 прочистувачи, ЈУДГ ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“ 5 и ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – 3 прочистувачи. Во план е овој тренд да продолжи во соработка со Град Скопје, Министерството за животна средина и Владата – изјави градоначалникот Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.