Сечењето на јапонските црешни било на иницијатива на Општина Центар затоа што дрвјата биле болни, суви, без можност да бидат спасени и опасни за минувачите, велат од Град Скопје.
По барање на Општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата „Максим Горки“. Дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во којашто се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните, велат од Град Скопје.
Оттаму најавуваат дека во понеделник, 18 ноември, ќе бидат засадени 18 нови јапонски цреши и ќе биде обновен овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.
фото: Фејсбук, Центар сака да дише
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.