Град Скопје реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со Универзалната сала. Оттаму велат дека тоа се лаги и манипулации.

Сакаме да нагласиме дека Универзална сала е запуштена и затворена во времето на претходно градско раководство и со тоа голем број значајни културни настани останаа без дом. Иако нова Универзална сала беше дел од програмата на претходното градско раководство, тоа не се случи, и за жал овој култен објект остана нефункционален и во распаѓање.

 

Градоначалникот Шилегов и во услови на пандемија со поддршка од Владата успеа да обезбеди финансиски средства за целосна реконструкција на Универзална сала и во тек е обнова на овој симбол на Скопје.

 

Наместо да се стави клуч поради затворениот објект, Универзална сала денеска функционира во полн капацитет како никогаш досега, вработените се задржани и оваа институција активно учествува во унапредување и збогатување на културниот живот во Скопје, како и во организација на голем број културни настани, а некој од нив како „Фестивалот на светлината“ е единтвен во регионот.

 

Покрај омилениот на скопјани „Фестивал на светлината“, Универзална сала континуирано е организатор на манифестацијата „Бела ноќ“ и „Фестивалот на акустична музика“, кои изминативе години станаа регионални културни атракции, а беше и дел од организацијата на проектот „Култура во време на корона“.

 

Споменатата опрема во услови на затворен објект, е неопходен дел во тековното функционирање на „Универзална сала“ во услови кога голем дел од културните настани треба да се организираат надвор од објектот, а истата и се изнајмува за други настани на отворено, се наведува во реакцијата на Градот.

Исто така се додава дека е лицемерно да се говори за Универзална сала со оглед на нејзиното преименување од претходното градско раководство во Конгресен центар Александар Македонски и обидот да се избрише од колективната меморија на скопјани оставајќи во распад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.