Градот Скопје реагираше на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за воведувањето трамвај во Скопје.
Од Град Скопје велат дека жалат што опозицијата континуирано одбива да биде дел од иднината на на Скопје.
Наместо паушалните соопштенија, тие имаа можност да дојдат и да учествуваат во денешната експертска дебата. За жал, наместо да учествуваат во една конструктивна дебата за идниот урбан развој на Скопје, тие одлучија да пласираат паушални соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40 години за граѓаните ќе стане реалност. Градот Скопје заедно со граѓаните ја одбра иднината на нашето Скопје и одлучно продолжува по тој пат, со уверување дека што поскоро опозицијата ќе се приклучи на овој процес – велат од Град Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ реагира:
Шилегов ја замајува јавноста, едно зборува друго прави. Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега нема, прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна. Нема една работа за која Шилегов не се премислил. Идејата на Шилегов дека ќе го сочува зеленилото при изградба на таканаречениот БРТ превоз не соодветстува со реалноста, и е уште еден маркетиншки трик бидејќи 2 метри под моменталните дрвјаоди главната водоводна цевка за Скопје и при откорнување на дрвјата може да дојде до нејзино оштетување и пукање.
Според нив така откорнатите дрвја ќе се уништени и за ново зеленило ќе треба да се купуваат нови дрвја.
Зелените коридори кои сега ги најавува Шилегов ќе се направи сообраќаен хаос во градот Скопје. Најголем проблем е претоварањето на патниците кои ќе одат на дестинации кои не се опфатени со линијата на БРТ, бидејќи на линијата по коловозните ленти по кои ќе се движи БРТ нема да можат да се движат други автобуси. Дополнително неуко е зголемено растојанието на автобуските станици, и се организира превозот како Скопје да е полунаселен град, реагираат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека со вака поставен систем се создава проблем и при излегувањето и влегување на патниците во автобусите на БРТ имено кога ќе излегуваат од автобуската станица мора да има надпатници, за да можат да поминат на пешачка зона.
– Системот за сообраќање на БРТ автобусите е неефикасен затоа што автобусите ќе се движат на секој 3 минути со што во голем дел од временските интервали по шпиците ќе бидат празни и ќе оперираат со мал број на луѓе. Сакаме да потенцираме дека овој проект е многу скап и неефикасен за град Скопје со овој број на население и оваа географска распространетост на градот Скопје. Системот на БРТ превозот е неосмислен и набрзина изведен без да се земат во предвид сите други фактори кои влијаат во сообраќајното уредување на градот. Дополнително му упатуваме апел на Шилегов овој проект да не го почнува на крајот на мандатот и со тоа да не му остава проблеми на идниот градоначалник на Скопје, кој ќе треба отпосле да ги поправа неговите грешки и неспособноста, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.