Град Скопје организира концерт во Градскиот парк за одбележување на годишнината од земјотресот на 26 јули 1963.
Во 19 часот и 30 минути, на Школка ќе започне концертот на Градскиот мешан хор „Вардар“ .
Потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.
Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.
Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.