Град Скопје ќе се сели во поранешната зграда на ЕВН каде сега е сместена компанијата ЕСМ, на плоштадот Македонија. Директорот на државната компанија ЕСМ Васко Ковачевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека пролетва компанијата ќе почне со преселба во барокната зграда на улица Македонија, спроти Музејот на Град Скопје, а потоа во зградата ќе се всели некоја држвана институција или администрацијата на Град Скопје, но за тоа ќе се одлучи откако ќе заврши преселбата.
При крај сме со решавање на пропустите кои ги наследивме од претходната власт за да можеме да добиеме технички прием на зградата. Очекувам дека пролетва ќе почнеме со преселба во новиот објект. Зградата каде што сме сега е во сопственост на Владата и откако ќе се иселиме ќе биде предадена на Град Скопје или на некоја друга институција, вели Ковачевски.
Повеќе на СДК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.