По двете последователни прскања од воздух со авиони што се реализираа пред неколку дена, градските власти донесоа нова одлука, овој пат комарците ќе ги уништуваат од земја.
Од Град Скопје информираа дека од понеделник (31 август) и до петок (4 септември) ќе се изврши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци и тоа секој ден од 9 часот дента до 3 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.