Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што со три возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со три цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Македонија.

Паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево, велат од Градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.