Град Скопје ќе ги награди ракометарите на Вардар со шест милиони денари. Претходно, оттаму информираа дека го обезбедиле чартер летот од Келн, каде што се играше завршниот турнир во Лигата на шампионите. За летот од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.
Како што информира градоначалникот Петре Шилегов, веднаш по пристигнувањето на плоштадот „Македонија“ ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени две милиони денари од буџетот на Градот.
„Вардарци“ вторпат во само три години стигнаа до европската шампионска титула откако вчера во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа против унгарски Веспрем со 27-24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.