Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва информираше дека Советот на Град Скопје ја усвоил листата на регистарот на имиња на улици во главниот град.
Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“… се враќаат во нашето Скопје, кратко напиша Шилегов на Фејсбук.
Новата промена на имињата предизвика бурни реакции во јавноста, особено откако на предлог-листата се најдоа Дејвид Боуви, рок-групата Квин, документарецот „Медена земја“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.