Викендов по 11-ти пат, во организација на Град Скопје и во соработка со Хуманитарната организација „Хоа-Ангелчиња“ ќе се одржи тортијада, каде ќе имате извонредна можност да уживате во глетката, слатките креации на аматери и професионалци од земјата и странство кои на мегдан ќе ги изложат своите торти.
Организаторите соопштуваат дека Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Романија, Бугарија и Албанија досега го потврдиле своето учество на настанот, а најхуманиот момент е што по завршувањето на манифестацијата тортите ќе бидат подарени на децата од социјално загрозените семејства.
Инаку, манифестацијата ќе биде поделена во два дела: ревијален, од 11 до 15 часот, кога посетителите ќе ги разгледаат изложените торти, ќе го следат натпреварот и ќе гласаат за најдобрата торта.
Официјалниот дел (15 до 16:30 часот) ќе биде отворен од преставниците на Град Скопје и во овој период ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори, и победничите торти во двете категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.