Според објавениот тендер, проектот „Паметен град“ ќе го чини Скопје 5,5 милиони евра за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град или смарт сити.. Ова денеска го потврди и Градоначалникот Петре Шилегов, кој го најави овој проект од доаѓањето на градоначалничката функција.
Во распишаниот тендер се бара платформата за дигитален град да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал.
Системот за паметно паркирање ќе се состои од веб апликација за мониторирање и администрирање и мобилна апликација за граѓаните и за возачите. Со него се очекува побрзо и поедноставно лоцирање на слободни паркинг места од страна на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и помало загадување. Со системот за мониторинг на квалитетот на воздухот ќе се направи мобилна апликација за граѓаните, сензори за мерење на квалитет на воздухот и ќе се постават 10 сензори за мерење на загадувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.