Чад се надвисна во Лисиче во нов пожар кој избувна попладнево во Скопје. Според неофицијални извори, во моментот во тој дел од Скопје беснеат два пожари, од кои едниот е кај стационарот Вардариште, додека вториот е во кругот на фабриката „Охис“.
Засега не е познато што гори или како избувнал пожарот внатре во скопската фабрика, но жителите се загрижени и се жалат дека од чадот се шири неподнослива смрдеа.
Од безбедносни причини веќе неколку часа затворен за сообраќај е булеварот „Борис Трајковски“ кон населбата Драчево, а возилата се пренасочуваат кон Лисиче, што создаде колони на возила и гужва во тој дел од градот.
Се очекуваат повеќе детали наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.