Професорката Гордана Силјановска Давкова на социјалните мрежи напиша:
ЗЕЛЕНО
Помните ли со каква БУКА, градоначалникот Шилегов ја најави кандидатурата на Скопје за зелена европска престолина? Останавме на обидот, се разбира, но важно е да се учествува, што би рекол Кубертен, а уште поважно, ДА СЕ РАЗГЛАСИ, што би рекле оние од власта!
Можеби по „зазеленувањето“ на плоштадот Македонија (ако уште така се вика така, а не „МК- Скопје“ или слично) повторно ќе БЛИКНЕ СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН КОНКУРЕНТСКИ ПОРИВ?
Слушајќи ги и читајќи ги ЗЕЛЕНИТЕ градоначалнички „бисери“, мислам дека на конкурс за НАЈЗЕЛЕН ЕВРОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК, би немале конкуренција! Ако немаме шанси да бидеме ЗЕЛЕНА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА, ама позеленуваме од неговите ЗЕЛЕНИ изјави и навреди, барем сме сигурни лауреати во оваа категорија!
ЗЕЛЕНО
Помните ли со каква БУКА, градоначалникот Шилегов ја најави кандидатурата на Скопје за зелена европска…
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Wednesday, May 27, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.