Поради голем уличен дефект на улицата „Илинденска“ кај дирекцијата на „Прокредит банка“ жителите на скопските населби Карпош 3 и Карпош 4 немаат вода. Водата се лее накај булеварот „Паризански одреди“.

 

Екипи на Водовод и канализација се излезени на терен. Станува збор за голем уличен дефект. Во моментов жителите на Карпош 3 и Карпош 4 немаат вода, изјавија за „Република“ од Водовод и канализација.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.