Унијата на млади сили по повод 117 години од загинувањето на Гоце Делчев го исчисти неговиот споменик во градскиот парк во Скопје.
Со овој чин го негуваме неговиот лик и дело. Изразуваме разочараност и апелираме градските власти да се грижат за културните споменици во градот. Гоце Делчев е една од најголемите фигури во македонската историја и не заслужува да биде занемарен.Гоце Делчев е Македонија, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.