Иницијативата за спас на Водно од гасоводот, Го сакам Водно на својот профил на фејсбук објави дека без решение за измени во тек на градба е уништтена шумата на потегот Бел Камен Бункери.
Само напред, се уништете, без закони и прописи!!!
Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи!
Уништена е шумата на потегот Бел Камен Бункери. Без најава! Без решение за измени во тек на градба!
Немаме информации дали Град Скопје издал ново Решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важи до 1 март, петок. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин!
Се гледаме утре!, објави иницијативата Го сакам Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.