Разликата помеѓу ситуацијата во која беше Кисела Вода во 2017 година е тоа што се стагнира, а се оди и назад во општината. Во 21 век нашите сограѓани немаат фекална канализација, во Расадник нема паргинг место, улиците се со кал. Моите сограѓани немаат основни услови за живот – истакна кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Во дебатмната емисија „Само вистина“ на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека соопшти дека секој ден добива се поголема поддршка и дека со неговиот тим ќе ја сменат сликата во општината.

Ѓорѓиевски истакна дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски манипулира и ја лаже јавноста.

Вие мандатот го преспавте. Ако сакате ќе одиме проект по проект функционална поликлиника во Драчево и нова во Расадник, енергетски ефикасна општина…Граѓаните знаете велат: „Кога Темелковски кажува добро вечерм ние гледаме низ прозор дали навистина е вечер“. Вие доживувавте дебакл – му порача Ѓорѓиевски на актуелниот градоначалник.

Ѓорѓиевски посочи дека гасификација на општината нема, нова градинка нема како и низа на други работи кои беа ветени, а не се реалзирани од актуелниот градоначалник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.