Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во денешното предизборно соочување со останатите кандидати за градоначалници во Телевизија 24, му посочи на Филип Темелковски кандидатот за градоначалник на СДСМ, дека во населеното место Расадник предвидел 99 згради според ДУП-от, а за разлика од него, со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува конкурс за ново идејно решение, како и формирање на партиципативен Совет на граѓани кои се засегнати од овој проблем, за негово конечно решавање.

Во однос на Расадник, нашиот став е јасен, ние во нашата програма предвидуваме конкурс за идејно решение, по којшто ќе биде избрано идејното решение или начинот на кој Расадник ќе се гради, посочи Ѓеорѓиевски.

Тој истакна дека освен конкурсот за идејно решение се предвидува и партиципативно тело, односно Совет, кој е законски дозволив, во кој ќе партиципираат граѓаните на Расадник, сопствениците на парцелите, сите општествени чинители, но и граѓаните од околните населби кои се засегнати од овој проблем со ДУП-от.

Она кое се предвидува од господинот Темелковски е едно големо бетонско чудовиште, за кое тој не знае точно колку згради се предвидуваат таму, но денеска имаме и документи согласно планот кој е пуштен во сите институции, без јавна анкета има предвидено во Расадник бруто развиена површина од над милион квадрати, тврдевте дека нема 99 згради, но има документи детално извадени по планот каде се предвидуваат истите, критикуваше Ѓорѓиевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.