Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека градоначалничкиот мандат ќе го почне со чесно и домаќинско работење и ќе ја сопре бруталната партизација на општинската админстрација.

Го преспавте мандатот. Нула капитални инвестиции имате во текот на мандатот. Ние предвидуваме две технолошко развојни зони, една во Драчево, една во Чуприја. Една инвестиција немате за 4 години. Ќе направиме ревизија на сите одобренија за градба и сите планови ќе ги носиме со граѓаните. И нешто што е многу важно е образованието и градинките. Повеќе од 400 деца чекаат да бидат сместени во градинки, затоа планирана е изградба на две градинки – рече Ѓорѓиевски обраќајќи му се на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, кој беше дел од дебата.

Ѓорѓиевски рече дека е да за урбанизација, но не на начин на кој тоа го прави СДСМ.

Темелковски предвидува 99 згради. Вие сте креаторот на бетонското чудовиште во Расадник – му рече Ѓорѓиевски на Темелковски.

Според Ѓорѓиевски, за Расадник завршниот збор ќе го имаат граѓаните и сите ќе бидат вклучени во таа постапка за средување на тој простор.

Ѓорѓиевски истакна дека во Пржино и Црниче исто така не е ништо инвестирано и укажа дека таму мора да се сопре градежната експанзија.

Таму не се знае кој што прави, нема табли на местата каде се гради. Ние за Пржино планираме друго. Во Пржино ќе направиме еден убав спортско рекреативен центар – рече Ѓорѓиевски.

Обраќајќи му се на Темелковски, Ѓорѓиевски истакна дека „да не беше предизборие немаше да направи ништо, а сега еден исти багер го шета од населба во населба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.