Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода мора да ги третира сите свои граѓани подеднакво.
Денес, дадов гаранција дека и жителите на Расадник ќе ги уживаат сите граѓански права и слободи, и дека нивниот глас и потреби ќе бидат мој приоритет како градоначалник.
Невладиниот сектор е стожер на демократијата, затоа, со граѓанската иницијатива „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“, склучив меморандум за соработка во кој се обврзав на следните обврски:
– Распишување на меѓународен конкрус за идејно решение за ДУП/14 Расадник
– Формирање на граѓански совет за ДУП Расадник со претставници од граѓаните на Расадник и меѓународни експерти кои ќе одлучат по кое идејно решение ќе се прави новиот ДУП за Расадник
– Парковите и зеленилото да бидат застапени во новиот ДУП Расадинк со најмалку 100.000 м2
– Заштита на ружата на ветрови која поминува низ расадникот
– Решавање на проблемот со паркирањето преку изградба на повеќе катни гаражи
– Решавање на проблемот со детските градинки преку зголемување на капацитетот на постојната и изградба на нова детска градинка.
– Создавање велосипедски патеки
– Решавање на проблемот со здравствената заштита преку изградба на Поликлиника во Расадник
– Решавање на проблемот со јавната хигиена преку редовно чистење на улиците и одржување на парковите
– Реконструкција на спортската сала „Расадник“, изградба на нови спортски терени и нови детски катчиња
– Вклучување на борбата против климатските промени и деградацијата на животната средина преку прифаќање на Европската зелена агенда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.