Откако официјално беше претставен како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода, на социјалните мрежи се огласи и Орце Ѓорѓиевски и најави дека падот на СДСМ започнува од Кисела Вода.
Ѓорѓиевски вели дека најдобро ги знае проблемте на граѓаните, дека ќе биде во населбите, маалата пред секој двор.
После две децении напорна работа, комуникација со моите сограѓани, размена на идеи, креирање на визија и долгогодишна поддршка од моите сограѓани, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поддршката на граѓаните, одлучи да бидам кандидат за градоначалник на овие локални избори. Целиот живот живеам во општина Кисела Вода и најдобро ги знам сите проблеми, но и простор за развој и подобра иднина на општината и граѓаните и ве уверувам дека јас како градоначалник посветено и одговорно ќе работам и ќе бидам достапен за сите деноноќно, порача кандидатот за гррадоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Да расчистиме уште сега, додава тој, јас нема да бидам салонски функционер, јас ќе бидам оној кој што повеќе ќе биде во населбите, маалата, уличките и пред секој двор за да го реши секој проблем и заедно да ја направиме Кисела Вода повторно најубава, како што и доликува на една од најстарите градски општини.
Овој пат, лично јас како Орце Ѓорѓиевски ја барам поддршката од вас, моите сограѓани, заедно да реализираме се што е зацртано.
На крајот сакам да му се заблагодарам за несебичната поддршка на претседателот Христијан Мицкоски кој од самиот почеток веруваше во мене и во моите искрени и чесни намери да ја вратам Кисела Вода како општина, на старите успешни патеки. Товарот е преголем заради наталожените проблеми, но мотивацијата и одговорноста се многу поголеми од сѐ останото. Падот на СДСМ ќе почне од Кисела Вода, пишува Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.