Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, со новиот предлог ДУП, ја дуплираше висината на зградите во Расадник на 14 ката. Тоа е лудост. ас одговорно тврдам дека нема да потклекнам на никаков притисок и да дозволам во Расадник да никне бетонско чудовиште со кое ќе се предизвика штета на сите жители на Кисела Вода, порачува кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Тој истакнува дека има план да го направи Расадник населба со многу паркови и Соборен Храм во центарот.
Во минатото во предлог Деталниот урбанистички план за Расадник дозволената висина на зградите изнесуваше седум ката, со што јас во никој случај не се согласувам.
Сега градоначалникот Филип Темелковски со новиот предлог ДУП ја дуплираше висината на зградите во Расадник на 14 ката.
Ова е лудост.
Јас одговорно тврдам дека нема да потклекнам на никаков притисок и да дозволам во Расадник да никне бетонско чудовиште со кое ќе се предизвика штета на сите жители на Кисела Вода.
Јас сум човек кој никому ништо не должи, за мене образот и она што ќе го оставам зад себе е најважно – порача Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.