Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет оствари средба со претставници од КУД „Китка” од Драчево, на која раководството на друштвото му ја презентираше својата планирана програма.

Анамблот опстојува со децении и е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода. Оттука, и неговото значење за нас е големо. Преку поддршката на фолклорните друштва, преку овозможувањето на подобри услови за нивното опстојување и функционирање, локалната самоуправа дава свој удел во афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција – потенцираше градоначалникот Ѓоргиевски на средбата.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, претставниците на КУД „Китка“ со градоначалникот разговарале за потребите на друштвото и за можностите кои Општината може да ги понуди со цел да се подобрат условите за работа, но и за „Китка“ да продолжи да учествува во креирањето на културно-уметничкиот живот во овој дел на Скопје.

„Китка“ е културно-уметничко друштво кое оставило белег во светски рамки и секогаш може да смета на поддршката од оваа локална самоуправа. А негова задача ќе биде и понатаму да нè претставува во најдобро светло низ светот – истакна Ѓорѓиевски на средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.